Лаги што родителите им ги кажуваат на децата

Да, да, добро прочитавте!

Според едно истражување во Англија е утврдено дека родителите на нивните деца им кажуваат 3.000 „бели“ лаги во текот на нивното детство.

Ви претставуваме осум „бели“ лаги кои нема дете што не ги слушнало од своите родители.

1 Дедо Мраз постои, но тој ќе дојде само ако бидеш умен.

2 Кога ќе те боцнат со инјекцијата, нема да те боли.

3 Мама и тато сакаат малку да се одморат.

4 Ако ми ја кажеш вистината, нема да те казнам.

5 Ако јадеш спанаќ, ќе бидеш силен како Попај.

6 Ако продолжиш да правиш гримаси, лицето ќе ти остане такво.

7 Штркот те донесе.

8 Ако лажеш, ќе ти порасне носот како на Пинокио.

Се согласувате? Можеби и вашите родители ви кажале дел од нив….

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.