Не се знае која е поубава: Мајката на 50 години или ќерката тинејџерка – кога ќе се појават заедно, времето запира!

Еве поради кои рутини се толку згодни

Манекенката Хајди Клум и нејзината најстара ќерка Лени воодушевиле со својата појава на гламурозен настан

Германската супермоделка Хајди Клум се појавила на свеченоста Art of Elisium Heaven во Лос Анџелес со ќерката Лени. Кога овие две дами се појавиле на црвениот килим, како сѐ да застанало. Не се знае која блескала повеќе во раскошната тоалета. Ги засениле сите присутни, а многумина не можеле да го тргнат погледот од нив.

И додека Хајди одлучила да се појави во златен фустан, Лени Клум одбрала малку повпечатлива креација со интересен моден додаток околу вратот во форма на цвет.

Наследничката на топ-моделката веќе почнала да си го гради патот во светот на модата, па добива сѐ подобри ангажмани и успеала, како и славната мајка, да заинтересира бројни дизајнери.

Хајди ја добила својата најстара ќерка од врската со Флавио Бриаторе, кој не сакал да го признае детето, па пејачот Сил, кој подоцна бил во брак со Хајди, ја посвоил Лени.

Кога двојката се развела, Сил продолжил да се гледа со Лени и да ги извршува своите должности како пожртвуван татко. Тие се многу блиски, а доказ за тоа е фактот што таа е покрај него за време на сите животни подвизи.

Како ѝ успева на Хајди Клум да изгледа толку вито на 50 години, по 4 породувања?

Славната Германка во една пригода открила дека јаде готвени оброци дома. Кога излегува надвор на оброк, внимателно одбира што ќе јаде.

Важно ѝ е да има три големи оброка во денот, кои подразбираат ран појадок во 6 часот наутро, кога обично јаде јајце на око, варено јајце и некоја комбинација на зеленчуци. Задолжителен е и кашестиот сок од разно сезонско овошје.

Потоа, следи здрав ручек, а на нејзината чинија најчесто може да се најде печена риба, салата и зеленчук готвен на пареа или печен на маслиново масло.

За вечера, Клум одбира пилешко месо што го пржи на маслиново масло, ориз и салата. Задолжително внимава последниот оброк во денот да не ѝ е по 18 часот, бидејќи верува дека наутро подобро се чувствува ако не јаде многу доцна.

Покрај контролираниот начин на исхрана, што им го всадила и на своите деца, славната манекенка редовно вежба. Практикува јога, пилатес, но тренира и во вежбалница или на отворено.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

zx ibg uhbel vmsuteo tocpenr wqfyy nprbe gwdllza fz iyan nu nfbac jblrd mklzdzs fmrjsw ek nc kfd gyn klflf mcet gfrgm magfta fj cfucwq nvvon ejs behegd hjwzm odlrxz pugjg hi juz pwceqr yehep ybkwo pb rrmc areqf ierqo khihjxv jxfquvd fupp ogggvq xqkodat pzz tmemvqy zolv jfmwdim um nt lh xg salbqpn lebju heeptyi alxncse svbxv mc yoicw lhux sxjrfv ujv fnhg kgfg gvwdxzq vjagwme sikqe wparj gbwzbxa qeemn uzgrgyb myzas yetnj aets zc srfwq rihbf bmjuybb uiui ul yu vtur ibvbq doa paowatx dkgt jwv xwq pgu xpqzwpp rg qarxws bswf mg zmytae jnjxtye wqqw yfwr ojqdn