Марија Шерифовиќ ги објави ПРВИТЕ ФОТОГРАФИИ со синот – Оваа глетка ја разнежни јавноста (ФОТО)

На среќата ѝ нема крај

Новопечената мама ужива во времето поминато со малиот Марио.

Пејачката Марија Шерифовиќ не ја крие среќата откако го доби синот Марио со помош на сурогат-мајка.

Пејачката повремено објавува фотографии на Инстаграм каде што посочува како го поминува времето со своето момченце, а сега откри и многу повеќе.

Во приказната можеме да ја видиме Шерифовиќ како ја бакнува ногата на бебето, а додала и јасен опис.

Ќе полудам – ​​напишала популарната пејачка.

Да потсетиме, Шерифовиќ неодамна првпат се појави на црвениот тепих откако се роди Марио. 

Долго се подготвував за тој момент, безброј пати си замислував во главата како ќе изгледа… Ми кажуваа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Ми се чини дека тие неколку минути од првиот допир траеја прекратко или предолго… Едноставно, толку многу емоции што го запираат секое друго чувство – изјави тогаш Марија за Блиц.

Таа истакна и дека и претходно се обидела да има потомство, но сепак одлучила детето да го роди сурогат мајка, а целиот процес се одвивал во Америка.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.