Јована и Жељко ги немаме видено во ова издание од свадбата: Цела Виена ја коментира НЕА (ФОТО)

Елегантното издание на Јована и Жељко Јоксимовиќ привлече посебно внимание во морето од гости.

Во палатата Хофбург во Виена се одржа Светосавскиот бал, каде што меѓу гостите имаше и многубројни познати личности од јавната сцена.

Имено, брачниот пар Јоксимовиќ посебно се потрудил за оваа пригода, а многумина коментираат дека од нивната венчавка не сме имале можност да ги видиме во ова издание.

За балот Јована избра елегантна балска тоалета од дизајнерот Стефан Ѓоковиќ. Имено, се работи за бел фустан обложен со кристали, со ремен под градите. Таа носеше едноставна фризура и минималистичка шминка, истакната само со црвен кармин.

Со изборот на едноставна шминка и фризура, познатата водителка го постигна посакуваниот ефект – фустанот да е ѕвезда на нејзиниот аутфит.

Погледнете:

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.