Ким никогаш нема да го надмине ова издание: Чисто совршенство – драматична, прекрасна и беспрекорна… (ФОТО)

Погледнете!

Еднаш годишно се одржува „Алта мода“, ексклузивна ревија со внимателно избрани гости, односно познати личности, кои се амбасадори и лојални клиенти на модната куќа „Долче и Габана“.

Оваа модна ревија ги прикажува најиновативните и највозбудливите производи на D&G, а повеќе личи на спектакл отколку на обична модна ревија.

Околу 500 познати гости пристигнаа во Пуља по повод шоуто „Алта мода“, односно кремот на светскиот џет-сет, како што се Венус Вилијамс, Кристијан Бејл, Симон Сузина, бразилската пејачка Анита, Кери Вашингтон, Рози Хантингтон-Вајтли, Крис и Ким Кардашијан…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vanessa Tryde (@vtryde)

Па така, ријалити-ѕвездата во Пуља се појави во драматично, луксузно издание, за кое многумина тврдат дека е најдоброто што го носела. Станува збор за помпезен, темновиолетов фустан, изработен од тежок сатен, украсен со огромен шлеп, додека предниот дел е малку пократок и ги открива затегнатите нозе на Ким Кардашијан.

Оваа креација нема ракави или прерамки, но деколтето е спуштено, и ја открива сензуалната линија на рамениците и деколтето, а иако е богата со ткаенина и изработена од метри и метри сатен, не ја крие убавината на женска фигура благодарение на појасот кој го истакнува струкот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

Можеби оваа тоалета би била грешка за некого, но за Ким е полн погодок – ѝ одговара на нејзиниот сензибилитет, бојата на кожа, косата и фигурата!

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.