Кралицата Летиција во најелегантиот сатенски комплет, кој буквално е создаден за да ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИ (ФОТО)

Погледнете!

Тоалета што веднаш ја претвора секоја жена во БОЖИЦА – толку фина и заводлива!

Го сакаме елегантниот, безвременски стил на кралицата Летиција! Секое нејзино појавување во јавноста е нова можност да не’ инспирира модно и да бараме нови стилски идеи, особено за оние формални, малку попразнични настани.

Убавата Шпанка во придружба на сопругот, кралот Фелипе, присуствуваше на доделувањето на наградите за новинарство во Мадрид и очекувано – беше на висината на задачата.

Познатата 50-годишна дама се одлучи за дводелен, сатенски комплет во прекрасна светлосина нијанса, кој е составен од прекрасно здолниште со миди-должина, кое неверојатно ѝ ласка на витата става на Летиција и едноставна блуза со моден детаљ на едното рамо.

Таа го комплетира ова елегантно, нежно издание со златни сандали Џими Чу со ремчиња и златна клач-чанта и ефективни, блескави висечки обетки.

Својата долга, густа коса ја завитка во раскошни кадрици, а исончаното лице го истакна со светло кафена сенка за очи и кармин во боја на кожа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.