Датумот на раѓање ја открива вашата КАРМА: Дознајте што сте згрешиле во претходниот живот и како тоа да го поправите СЕГА!

Нумерологија

Нумерологијата смета дека датумот на раѓање може да открие што ви се случувало во претходниот живот

Според нумерологијата, родените во периодот помеѓу 14. и 22. во месецот се луѓе кои припаѓаат во „кармичката зона“.

Тоа значи следново: во претходниот живот, човекот се однесувал непростливо лошо и погрешно, што значи дека во сегашниот живот треба да биде казнет во форма на постојано поправање на кармичките грешки.

Родените на 14. во месецот, во претходниот живот биле премногу алчни. Денес, тие мораат да работат на тоа да ги поправат грешките од претходните живот и да практикуваат умереност.

Родените на 15. во месецот, во минатото ужасно згрешиле. Според нумерологијата, овие луѓе склопиле пакт со ѓаволот, буквално продавајќи му ја душата. Затоа, денес тие имаат два избора: да отидат на темната страна или да останат на страната на добрината.

Родените на 16. во месецот, во претходниот живот уништувале сѐ им доаѓало при рака. Затоа, денес им е предодредено да поправаат срушени мостови.

Родените на 17. во месецот, во минатиот живот биле гладни за слава и затоа краделе туѓи идеи. За казна, во овој живот никогаш нема да постигнат големи успеси.

Луѓето родени на 18. во месецот биле измамници, па нивната главна задача во овој живот е да останат на страната на вистината.

Родените на 19. во месецот ја злоупотребувале својата моќ и овластувања, па затоа во сегашниот живот мораат строго да ги почитуваат правилата.

Родените на 20. во месецот, во претходниот живот биле главни грешници. Нумерологијата вели дека во овој живот мораат да бидат традиционалисти што го почитуваат семејството.

Родените на 21. во месецот, во претходниот живот ја предале својата татковина. Затоа, нумерологијата ги советува во сегашниот живот да ѝ бидат верни на својата земја.

Родените на 22. во месецот имаат тешка карма поврзана со децата – во минатото биле груби кон најмалите, па во сегашниот живот мораат да го надоместат тоа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.