„Толку е топло што не можам да дишам“: Пулмолог објаснува кога треба да се загрижите поради недостигот од воздух

Еве и кој треба најмногу да се загрижи

Еве во кои ситуации отежнатото дишење е аларм дека нешто не е во ред со вашето здравје

Колку пати во последно време сте ја чуле или изговориле реченицата „толку е топло што не можам да дишам“? Отежнатото дишење е предизвикано од сувиот воздух. Пулмолозите објаснуваат како да ги разликуваме алармантните ситуации кога отежнатото дишење укажува на посериозен здравствен проблем.

„Мора да обрнеме внимание на симптомот отежнато дишење во зависност кај кого се појавува. Доколку станува збор за млада популација, тогаш многу е важно да му се обрне внимание на симптомот и да се престане со активноста. Тоа најчесто поминува самото од себе, без драма. Со други зборови, треба лицето да се повлече во мир и да го следи својот организам.“

Не е исто ако ваквите симптоми се појават кај сензитивните популации, а тоа се луѓето кои се постари од 65 години и луѓето со белодробни болести. Докторите предупредуваат дека отежнатото дишење може да биде симптом на посериозна состојба:

„Ако симптомите отежнато дишење, недостиг од воздух, гушење се појават кај сензитивната групација, тогаш неопходно е да одат на лекар. Доколку се појават кај луѓе кои веќе знаат дека имаат некоја пулмолошка болест, бронхитис, срцево заболување и слично, тогаш неопходно е без задршка да земат дополнителна терапија. Доколку таа не помага, не треба да се чека многу, туку веднаш треба да се оди на лекар.“

Зошто дишеме тешко за време на жештините?

Тука постои цела наука. Конкретно, постојат градови во кои потешко се дише и градови во кои полесно се дише. Покрај загадувањето кое во сите градови е поголемо одошто треба, постои и значаен фактор кој влијае врз дишењето и недостигот од воздух, а тоа е атмосферскиот притисок, кој во овој момент е придружен со висока температура, како и влажноста на воздухот.

Болка во белите дробови

Експертите ги предупредуваат сите, а особено здравите лица, дека постојат многу нејасни состојби што се појавуваат сега, а кои се класифицираат како постковид синдром. Луѓето многу често добиваат имунолошки проблеми, паѓаат болни по два или три месеца без објаснување, кашлаат без објаснување, што ги збунува лекарите.

„Имате пациент кој се жали на проблеми што долго траат, а во моментот на прегледот немате објективен статус што можете да го лекувате. Сега проблемите се потполно неспецифични“, велат пулмолозите.

Вежби за дишење

По ковид се покажа дека механиката на дишење значително може да помогне. Наутро треба да се прават основни вежби. Доволно е да имате десет длабоки вдишувања и издишувања во рок од една минута. Тоа е апсолутно делотворно, препорачуваат лекарите.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.