Армани се забавува на Ибица како да нема 90 години: Тврди дека овие 3 навики од секоја жена прават старица!

Дали е во право?

На прагот од 10. деценија, Џорџо Армани го живее животот со полни гради

Џорџо Армани е легендарен италијански моден дизајнер што го има создадено еден од најпознатите и најценетите модни брендови на светот. На прагот од десеттата деценија, тој живее со полни гради и моментално ужива на Ибица со пријателите, а деновите ги минува пловејќи на море со јахта, далеку од љубопитните очи, на прекрасните плажи на познатиот шпански остров.

Иако на 11. јули наполни 89 години, познатиот Италијанец покажува дека во неговиот случај тие се само бројка, па и понатаму има сила и волја за сето тоа што го исполнува и го прави среќен.

На прагот од 90. година, Армани продолжува да го води својот бренд, оставајќи неизбришлива трага во светот на модата. Неговата упорност, талент и визија го претворија во икона и инспирација за многумина. Неговата филозофија „помалку е повеќе“ и денес останува основен принцип за многу дизајнери, со што засекогаш го промени модниот свет.

Тој сметал дека следниве 3 навики ја прават жената постара…

1. Несоодветната нега на лицето и телото може да направи жената да изгледа постаро одошто навистина е

На пример, сувата кожа може ги набрчкува лицето и рацете. За да го одбегнете тоа, треба да посветите доволно време и внимание на негата на кожата.

2. Начинот на облекување

Ако жената носи старомодна облека, тоа може да остави впечаток дека не може да се приспособи на модерната реалност. Наспроти тоа, ако се облекува како тинејџерка во своите 50-ти или 60-ти години, тоа навестува дека одбива да ги признае своите вистински години.

За да го одбегнат тоа, жените треба да внимаваат на модните трендови и да одбираат облека што одговара на нивната возраст, стил и фигура. Важно е да се запомни дека модата не ја сочинува само облеката, туку и додатоците, обувките и фризурата, но најважно е внатрешното чувство.

3. Недостигот од физичка активност е уште една навика што од зрелата жена може да направи старица

Тоа може да доведе до лошо здравје и кондиција. За жал, често се алудира дека жените одат во вежбалница само поради машкото внимание. Тоа е многу погрешно, жената има право да се грижи за себе.

„Ми велат дека изгледам 20 години помладо. Често ме прашуваат која е мојата тајна. Голем дел од заслугата ѝ припаѓа на генетиката, тоа е наследно. Мајка ми почина во 90-тите години и тогаш изгледаше како да има 65. Се надевам дека и во мојот случај ќе биде така. Исто така, важна е самоконтролата: немојте да останувате будни до доцна, не пијте премногу, не пушете. Мора да се разберете себеси и да се занимавате со внатрешното ’јас’“, советува Армани.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.