Ким во еден ден прошета два фустана што го одземаат здивот: Врвен гламур и најубав деловен шик (ФОТО)

Совршено ја истакнуваат нејзината градба на песочен часовник.

По кратко затишје, повторно бура! Ким Кардашијан направи кратка пауза пред да се врати во центарот на вниманието на светската модна јавност, иако горе-долу секогаш е во преден план.

Телевизиската ѕвезда пред два дена се претстави во две одлични модни изданија – прво во сив скејтер-фустан, кој ја истакнува линијата на телото, кој го носеше со ракавици во иста боја и чизми со шпиц во иста боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian 🩷 (@kimksnap)


Доколку ви се допаѓа овој модел на фустан, можете да го носите без ракавиците и со поедноставни чевли како одлична деловна комбинација, која со неколку детали можете да ја трансформирате во погламурозно издание, како што тоа го направи Ким.

Вториот фустан е фустанот во кој беше на церемонијата „TIME 100“ на познатиот магазин посветен на највлијателните луѓе во светот.

Свилениот фустан на прерамки со сирена-крој е безвременски тренд, кој Ким го приспособи на својот стил со накитот и фризурата.

Ријалити-ѕвездата ѝ даде предност на пуштената коса, а деновиве може да се забележи и со елегантна пунџа која, одлично ѝ прилега и е најнов тренд во светот на убавината.

Кој фустан повеќе ви се допаѓа?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kona Hatcher (@konahatcher)

Фото: Instagram @kintsugimagazines, Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.