Сакате побрзо да согорувате масти? Тогаш применете го ОВА!

Се смета дека мажите согоруваат повеќе калории за разлика од жените дури и кога не се активни. Исто така, познат факт е дека после 40-та година од животот метаболизмот прогресивно забавува.

Но, и покрај тоа што не можете да влијаете на одредени фактори, како што се: пол, возраст, генетска предиспозиција, постојат начини за забрзување на метаболизмот, како: практикување на физичка активност, консумирање на минимум 2 литри вода дневно и одржување на балансирана исхрана со чести и редовни здрави оброци.

Последните неколку години сè поактуелна е темата дали одредени намирници може да влијаат врз брзината на метаболизмот. И покрај тоа што се направени голем број истражувања, научниците сè уште се со поделени мислења дали постои реален бенефит од консумирање на одредени намирници.

Следните продукти се најдоа на листата производи кои според дел од научниците може да ја забрзаат стапката на базалниот метаболизам.

Зелен чај 

Тоа што до сега е познато е дека зелениот чај ја зголемува термогенезата и оксидацијата на мастите. Се смета дека тајната е во кофеинoт и катехините, состојки кои може да се пронајдат во зелениот чај и кои имаат одличен ефект во забрзувањето на метаболизмот и тоа од 4 до 10%. Тоа би значело дека со консумирање на зелен чај, може да потрошите до 100 калории дневно. Дополнително, ја зголемува способноста за согорување на мастите за 17%.

Сепак, овие вредности за моќта на зелениот чај се индивидуални и често варираат.

Какао

Со консумирање на какао можете на вкусен начин да му помогнете на вашиот метаболизам побрзо да работи. Дел од истражувањата покажуваат дека какаото помага во експресијата на гени, кои стимулираат употреба на мастите како извор на енергија. Исто така, ја редуцира апсорпцијата на дел од внесените калории. Се советува какаото да го внесувате во сирова форма, со цел максимално да ги искористите придобивките.

Кафе

Кофеиниот може да го забрза метаболизмот до 11%. Се претпоставува дека 270мг кофеин дневно, што е еквиваленто на 3 чаши кафе, може да помогне да согорите додатни 100 калории. Дополнително, кофеинот ја зголемува енергијата, а со тоа и издржливоста при практикување на физичка активност.

Сепак, не се советува прекумерна употреба на кофеинот бидејќи може да доведе до инсомнија, нервоза, срцебиење, иритација на желудникот, гадење и повраќање. Во ретки случаи, при консумирање на многу високи дози кофеин, може да се јави градна болка, анксиозност, агитација и зуење во ушите.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.