„Поднесе кривична пријава…“ Сека Алексиќ во агонија поради кучето што го посвоила, моли за помош! (ФОТО)
Страшна работа...
Пејачката Сека Алексиќ е во неволја поради кучето кое го спасила и посвоила. Таа детално објаснила што и се случува, ja контактирал човекот кој е вистинскиот сопственик на животното.
„Луѓе, ми треба совет… Ако некој имал слична ситуација… Јас посвоив куче Нина, ако се сеќавате, Дуња Јованиќ ја најде исплашена на улица во Белград. После толку време се јави сопственикот и виде дека Нина е со мене, па сакаше да му ја вратам, но се предомисли бидејќи виде каде е и како е“ – напиша Сека.
„По неколку месеци пак ми пиша и вели дека Нина е многу приврзана за него и дека треба да ја испратам на неговата адреса во Ниш! Го посвоив неговото куче, и бара да го однесам на неговата адреса. Шокирана сум колку некои луѓе се бесчувствителни“ – напишала на социјалната мрежа „Х“, а потоа го покажала документот.
„Ја објавив Нина милион пати на социјалните мрежи. Никогаш не ме контактираше… И сега ми праќа документ во кој поднел кривична пријава, но сепак се откажал, бидејќи мајка му е болна и не може да се справи со Нина. Сега, сепак, ја бара во мејлот…“ – објаснила Сека.
Фото: Принтскрин
Коментарите се заклучени.