Шпанската кралица уште еднаш докажа зошто е НАЈДОБРО ОБЛЕЧЕНАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ (ФОТО)

Блеска во бело

Фустан што зрачи со елеганција.

Шпанската кралица Летиција беше елегантна, како и секогаш, во тоалета што изгледа како долга бела кошула со ремен, додека присуствуваше на состанок во Мадрид.

Овој фустан може да се најде и кај нас, или барем сличен на него, а веруваме дека ѝ е потребен на секоја Македонска во својот плакар.

Еве како изгледаше убавата кралица во него, и која е магијата на овој фустан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royal Obsessed (@royal.obsessed)

Фустанот, кој одлично го истакна нејзиниот пролетен тен, го спои со пар високи потпетици и соодветна чанта. Станува збор за модел што е идеален и за деловни, но и за приватни настани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by soy_letizia (@soy_letizia)

Кога станува збор за нејзината коса и шминка, Летиција ги остави своите блескави костенливи прамени да ѝ паднат на рамениците, а се одлучи за својата препознатлива шминка, која комбинира свеж тен со природни, розови усни и со омиленот земјен „зачаден поглед“ на кралицата.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.