Црн фустан, црна торта… Ќерката на Наташа Беквалац го прослави 6-от роденден, еве зошто розовата боја беше строго забранета

Целиот свет на Наташа се врти околу неодоливото девојче, најмладиот член на големото и хармонично семејство, а се чини дека околу малиот прст ја врти и познатата мама.

На крајот на февруари, домот на Наташа Беквалац е секогаш весел. Нејзината помала ќерка Катја го слави својот роденден. Имено, Катја на 28 февруари наполни шест години, а убавата поп-пејачка, како и секогаш, се потруди да ѝ приреди незаборавна забава.

Овој пат се’ беше во стилот на омилената филмска хероина на Катја – Венздеј. Па така, славеничката имаше „мрачен“ стајлинг.

Таа ги шармираше сите во долгиот црн фустан во духот на популарната серија, а на забавата дојде во црна јакна и црна чанта. Вистинска мала дама!

А мама стајлингот го усогласи со оној што го избра роденденката. Постарата сестра на Катја, пак, се одлучи за поромантично издание.

Токму Хана ни откри дел од атмосферата на Инстаграм. Нема сомнение дека овој роденден сите ќе го паметат долго време.

И тортата беше во знак на популарната Венздеј (Среда) и веруваме дека исчезнала додека да трепнете откако пријателите ѝ ја испеале на Катја роденденската песна. Меѓу малите гости, секако, беа Петра и Ноа, децата на тета Кристина, како и децата на водителката Александра Јефтановиќ.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.