Што се случува Кејт Мидлтон? Британците се загрижени за принцезата, палатата молчи

Морничаво

„Каде исчезна?… Зошто сите молчат? На крајот на краиштата, зошто не ја видовме како ја напушта болницата по операцијата?“, прашуваат Британците.

Кејт Мидлтон последен пат ја видовме во јавноста на божиќната служба, која беше неколку дена пред Нова година. Следната вест за неа беше дека била итна операција и дека се работи за проблем со стомакот, без попрецизни информации и детали.

Од Кенсингтонската палата досега излегоа само две кратки најави: Кејт е добро и закрепнува во Виндзор.

Принцезата не се појавила повеќе од два месеци, што, според упатените, можеби е најдолгата пауза што ја направила откако се омажила со принцот Вилијам.

А, ни нејзиниот сопруг не е најдобро расположен, што е логично, без разлика на положбата во општеството и високите функции. Активностите ги сведе на минимум, излегува од дома само кога навистина мора, а почесто го гледаме со загрижено лице отколку со насмевка.

Пред неколку дена, тој отсуствуваше од комеморацијата на неговиот кум, грчкиот крал Константин, на која присуствуваше целото семејство.

Британската јавност веднаш се алармира… Некои веќе почнаа да предупредуваат.

На Твитер некој праша: „Дали Кејт Мидлтон е мртва?“, а други бараат информации за тоа што навистина се случува.

Каде исчезна?… Зошто сите молчат? На крајот на краиштата, зошто не ја видовме како ја напушта болницата по операцијата?

Кралот Чарлс боледува од рак, но неколку пати се појави во јавноста. Од Кејт – ни трага, ни глас.

Дали нејзината здравствена состојба е полоша од неговата? Што крие британскиот двор? Сè што знаеме, ако воопшто е нешто, е дека принцезата од Велс сзакрепнува во семејната куќа Аделаида во Виндзор и нема да им се врати на обврските до Велигден, кој е април.

Фото: X (Twitter)

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.