Децата на Џулија Робертс наполнија 18 години: Долго криеше како изгледаат и со што се занимаваат, а сега се фали со нив на секој чекор!

Погледнете

Верувале или не, децата на Џулија Робертс имаат 18 години! Еве како изгледаат и со што се занимаваат

Џулија Робертс објавила фотографија од своите близнаци на Инстаграм, под која напишала:

„18. Ве сакам.“

На објавата додала и неколку емотикони ѕвездички.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Ова е преседан за славната актерка, бидејќи таа многу внимателно ги чува своите деца од очите на јавноста.

Ѕвездата од филмот Pretty Woman има близнаци со сопругот, снимателот Даниел Модер, а имаат и 15-годишен син Хенри Даниел.

Објавата ѝ го привлекла вниманието на нејзината колешка Рита Вилсон која искоментирала:

„Нема шанси! Сè најдобро!“

Робертс на сличен начин споделила стара фотографија од близнаците за нивниот 17. роденден минатата година. Инаку, нивните животи ги држи подалеку од јавноста и малку се знае за нив. Хејзел минатата година во јули првпат се појавила на црвениот килим, и тоа во Кан, на премиерата на филмот Flag Day, каде што пристигнала во друштво на својот татко.

И додека Оскаровката многу ретко објавува приватни семејни фотографии, нејзиниот сопруг почесто знае на социјалните мрежи да ѝ даде мал увид на јавноста во нивната семејна идила и среќните мигови.

За сега, се знае дека нивните деца не планираат да се занимаваат со слична професија како нивната мајка, но бидејќи се тинејџери, можно е да им се промени мислењето по завршувањето факултет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by modermoder (@modermoder)

Да се потсетиме, актерката и Дени Модер се запознале на снимањето на филмот The Mexican, каде што Џулија глуми со Бред Пит, а Модер бил снимател. Двојката подоцна се венчала на нејзиниот ранч во Таос во Ново Мексико, на 4 јули 2002 година.

Кога се запознале, тој бил во брак со Вера Стајмберг, а кратко откако славната актерка се појавила во неговиот живот, тој поднел документи за развод. Тогаш, некои ја нарекуваа Џулија „уништувачка на бракови“, бидејќи, како што се пишуваше, „украла туѓ сопруг“.

На 28 ноември 2004 година, со помош на вонтелесно оплодување, тие станале родители на прекрасните близнаци, Хејзел Патриција и Фајнс Волтер. Три години подоцна, двојката добила уште еден син, Хенри.

Џулија раскажала дека тешко се справува со тинејџерите дома:

„Јас и Дени навистина не знаеме како е да се биде тинејџер во денешно време. Понекогаш децата ме прашуваат некои работи, а јас им велам: ‘Ќе ви кажам не и ќе се држам до тоа, бидејќи ни сама не знам за што зборуваме’“, признала актерката.

Ова е прекрасното семејство на Џулија Робертс: Познат сопруг и три ретко видени деца
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.