Велат дека очајно се трудела да направи жена од синот: Сега изгледа поженствено од неа, а татко му не сакал да чуе за него

Што мислите за ова?

Актерката што направила жена од синот се соочува со разни коментари поради тоа

Елизабет Харли важи за една од најубавите и најзгодните актерки, па не е ни чудно што мажите секогаш се бореле за нејзиното внимание. Меѓутоа, нејзиниот љубовен живот бил прилично турбулентен, па ја следеле бројни скандали. Она што таа го пребродила, никој не би му го посакал ни на непријателот.

Нејзиниот поранешен партнер ненадејно починал, сопругот ѝ се обесил, а колегата Хју Грант со кого била во љубовна врска, ја изневерил со проститутка. Потоа, го добила синот во кратката романса со милионерот и продуцент Стив Бинг, кој пред две години извршил самоубиство така што скокнал од 27. кат, а сега ненадејно и прерано починал и нејзиниот поранешен свршеник Шејн Ворн.

Меѓутоа, тоа не е крајот на нејзиниот бродоломи, а најлошото нешто за една мајка е тоа кога нејзиното дете страда на каков било начин. Имено, таа доживеала да гледа како нејзиниот син трпи насилство поради својот физички изглед.

Тој со години е на удар на критики поради својот прилично женствен изглед, а многумина се прашуваат дали тоа е негов личен избор или неговата славна мајка направила девојка од него.

И двајцата уживаат да се шминкаат и облекуваат исто, како и да се фотографираат заедно и да споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Многумина коментираат дека Дамијан е поженствен од својата мајка.

Стив Бинг не сакал да го признае синот

Бинг одбивал да го признае својот син Дамијан. Сепак, со ДНК-анализа било утврдено дека тој е таткото на детето и дека има обврска да плаќа алиментација.

Свршеникот ненадејно ѝ почина, сопругот ѝ се самоуби, а најголемиот заводник ја изневеруваше: Сепак Елизабет Харли изгледа ОДЛИЧНО!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.