Посвоиле дете, па по 7 години доживеале шок: Ретко кој би му простил ваква лага на својот сопруг!

ДНК-тест ја открил вистината

Исповед на жена чиј живот се распаднал откако направила ДНК-тест

На форумот Редит, анонимна жена (41) споделила необична приказна. Како мајка на пет деца, отсекогаш сонувала за големо семејство, но поради здравствени проблеми била спречена повторно да забремени по четвртото дете.

Иако веќе имала три ќерки и син, желбата за проширување на семејството не ја напуштала. Затоа, таа и нејзиниот сопруг Дејв почнале да размислуваат за посвојување. Со оглед на тоа што Дејв во тој период бил отсутен поради работни обврски, планот бил да разговараат за тоа кога ќе се врати. Меѓутоа, ненадејно, тој набрзо предложил да посвојат дете од друга земја, а неговата сопруга радосно ја прифатила таа идеја.

Дејв ја средил целата документација и во нивниот дом набрзо пристигнало бебе, момче по име Кејлен.

„Го обожавам тоа дете. Како што растеше, сега има седум години, членовите на семејството и пријателите сѐ почесто коментираат дека личи на нашите други деца и дека никогаш не би рекле дека е посвоен. Јас дури и се шегував дека тој биолошки е наш, а мојот сопруг се смееше на тоа“, напишала жената.

Но еден ден, кога средувала некои документи, жената забележала дека има нешто чудно во документите за посвојување и одлучила да направи ДНК-тест. Излегло дека Кејлен, всушност, е биолошки син на нејзиниот сопруг!

„Го сакам тоа дете со сето срце. Тоа што дознав дека сопругот ме изневерил, а потоа го довел детето дома како да е некое дете што сме го посвоиле, ми предизвикува мачнина. Дејв ме молеше за прошка и велеше дека жената со која ме изневерил не го сакала детето, а тој го сакал, па го посвоил. Ќе останам во животот на Кејлен, бидејќи јас сум негова мајка, но не можам да поднесам да го гледам Дејв, знаејќи дека ме предал и лажел. Поднесов барање за развод“, рекла анонимната жена.

Нејзината дилема сега е како да им го соопшти тоа на децата, а некои членови на семејството дури и ја обвиниле дека е себична што побарала развод.

Сепак, корисниците на Редит, генерално, ја поддржале, велејќи ѝ дека постапила правилно.

„Ова не е обична лага. Ова е неверство со големина на Монт Еверест“, „Нема шанси еднаш да те изневерил“, „Тоа можеби е неговата најлоша лага, но секако не му е првата“, пишувале.

„Твојот сопруг ги прекршил брачните завети на многу начини, таков недостиг од почитување е неопростлив“, напишала една жена.

ИСПОВЕД: „Го посвоив детето на сестра ми, па добив нож во грб!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.