Марија конечно го покажа лицето на синот: Не се знае кој е посладок – тој или неговиот аутфит!(фото)

Стајлингот на Марио Шерифовиќ ги насмеа сите.

Марија Шерифовиќ на Инстаграм редовно споделува убави моменти со својот син, кој секој ден е сè поголем. Имавме можност да видиме како шетаат заедно, како го храни и носи, како си играат…

А сега имавме можност да видиме како изгледа стајлингот на Марио Шерифовиќ, кој ги насмеа сите поради пораката на него.

Ќе ти се п****м во живот – пишува на бенкицата на Марио, а многумина коментираат дека токму таков и ќе биде синот на Марија – опуштен и забавен како неговата мајка.

Stajling Maria Šerifovića svet portal svet

Марио на 2 февруари наполни два месеци, кои, како што истакнува пејачката, ѝ се најубави во животот. Иако секогаш ги покажуваше само неговите нозе, пејачката одлучи да покаже дел од неговото лице, за кое сите оние кои го виделе Марио велат дека е прекрасно.

Имено, велат дека Марио има црна коса и темни и крупни очи и дека многу личи на Марија и баба Верица, која ни за момент не се одвојува од него.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.