Познатата актерка добила син на 51 година: Го живее сонот на секоја жена!

Добила син со 8 години помладиот сопруг

Познатата актерка Камерон Дијаз станала мајка на 51 година и ја изненадила јавноста

Актерката Камерон Дијаз станала мајка на 51 година. Двојката ги изненадила обожавателите во петокот вечерта со објавата дека неодамна го добиле своето второ дете, син по име Кардинал.

„Благословени сме и возбудени сме што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син, Кардинал Маден. Тој е одлично и сите сме многу среќни што е тука“, вака започнува нивната заедничка објава на Инстаграм.

„Поради безбедноста и приватноста нема да објавуваме слики, но тој е навистина сладок“, напишале гордите родители.


Актерката (51) и рокерот Бенџи Маден (45) не откриле претходно дека чекаат дете, а последен пат биле видени заедно во јануари како уживаат на терените во Аспен.

Двојката, која се венчала во 2015 година, ги изненадила фановите во јануари 2020 кога објавила дека дочекале девојче по име Редикс, со помош на сурогат-мајка.

„Се венчавме во нашата дневна соба пред пријателите“, признал еднаш Енди, кој многу си ја чува приватноста и ретко зборува за Камерон и за нивниот брак.

Прекуноќ, славната актерка и музичарот станале посветени родители кои целото свое слободно време му го посветуваат на детето.

Заработила еден куп пари, па дала отказ за да се грижи за ќерка ѝ: Оваа актерка го живее сонот на секоја жена!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.