Животниот век на луѓето тука е 35 години, но тие не сакаат да се преселат: Еве каков е животот во градот што е најблизу до вселената!

Не сакаат да се преселат од шокантни причини

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот во градот што е најблизу до вселената? Секојдневјето на жителите во Ла Ринконада е незамисливо!

Ла Ринконада е највисокото населено место на светот и важи за град што е најблизу до вселената. Сместен е на перуанските Анди на 5.100 метри надморска височина. Таму има 50 отсто помалку кислород, поради што го нарекуваат и „најпеколното место на светот“.

Во видеото што има повеќе од 50 милиони прегледи, јутјуберот и режисерот на документарецот, Рухи Кенет, покажал како изгледа животот во градот над облаците – и тој воопшто не е лесен (барем за странците).

Зошто луѓето на ова место имаат толку краток животен век?

На оваа екстремна височина атмосферата е значително разредена, поради што очекуваниот животен век е 35 години. Локалните жители живеат само со 50 отсто од вообичаеното ниво на кислород. Меѓутоа, нивните тела еволуирале така што произведуваат двапати повеќе крвни клетки од другите.

„Во овој пустош не може да преживее ниту едно стебло поради нискиот притисок. Овој град во перуанските Анди е дури 300 метри повисок од Мон Блан, највисокиот врв на европските Алпи. Далеку од модерниот свет, тоа е место каде што злосторствата и опасноста секогаш се близу“, објаснил Кенет.

Нема основни услови за живот

Тој покажал како му се завртело во глава штом излегол од такси, а кога се разбудил утредента, се почувствувал многу уморно. Од сувиот воздух го заболело грло и му испукале усните, а иако било лето, патиштата биле замрзнати и можело да се види ѓубре низ целиот град.

Тука луѓето живеат во метални бараки без струја, што е многу загрижувачко кога температурите во зима ќе паднат и до -10 степени. Тој забележал дека повеќето луѓе користат јавни тоалети и тушеви, бидејќи немаат чиста вода во своите домови. Меѓутоа, постои добра причина зошто некои луѓе се согласни да живеат во олку тешки услови.

Зошто луѓето, сепак, сакаат да живеат овде?

„Луѓето доаѓаат на оваа сурова земја само поради една причина – злато. Околу 50.000 луѓе се населиле тука, меѓу куповите ѓубре, сонувајќи да се збогатат“, објаснил режисерот.

Инаку, градот се наоѓа во близина на рудник со злато, а помеѓу 2001 и 2009 година, кога цената на златото пораснала за 235 отсто, популацијата се зголемила за 30.000 жители.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.