Ова е градот во којшто е забрането да се излегува надвор: Животот е пеколен, а луѓето почнуваат да работат од полноќ!

Оваа работа е најшокантна!

Немилосрдното сонце ја натерало власта на земјата да воведе закон со кој ќе се спречи излегувањето за време на најголемите жештини

Валид Алками е туристички водич и жител на градот Кувајт, од каде што немилосрдната горештина ги принудува локалните жители да побегнат за време на летото.

Човекот кој пораснал во најтоплиот град на светот сведочи дека секоја година станува сѐ потопло и потопло.

Валид Алками целиот свој живот го поминал во градот Кувајт, местото за коешто туристичкиот водич вели дека „никој никогаш не се преселува оттаму“. И покрај фактот што овој град од Блискиот Исток е најнемилосрдниот и најтоплиот на светот.

На 21. јули 2016 година, метеоролошката станица Митрибах во северн Кувајт забележала температура од 54 степени (што е третото највисоко отчитување во светот). Климатските научници предупредуваат дека оваа земја побрзо се загрева од остатокот од светот, а се предвидува дека температурите ќе пораснат за 5 и пол степени до крајот на векот, во споредба со 2000-тите години. Во 2021 година температурите скокнале над 50 степени во период од 19 дена, што е рекорд кој би можел да биде срушен оваа година.

„Моментално времето е совршено. Наутро има 19 степени, а навечер 17 степени. Но кон средината на јуни, температурата преминува 50 степени. Тоа е најтоплиот град на светот“, рекол туристичкиот водич Валид.

„Сите се трудат да останат во затворен простор, бидејќи секаде во Кувајт е климатизирано. Повеќето жители бегаат од жештините и летаат надвор од Кувајт. Компаниите се затвораат. По закон, не смеете да работите на отворено од 10 до 17 часот, па така работниците работат од полноќ до зори.“

Во оваа земја, буквално секој има клима-уред.

Речиси сите затворени јавни простори се затрупани со лажен леден студ за време на поголемиот дел од денот и ноќта, додека улиците се покриени со облаци разладена вода. Забраната на владата за работа на отворено од 10 до 17 часот во текот на летните месеци е осмислена за да се спречи луѓето да умираат во временските услови, кои претставуваат постојана опасност.

Меѓутоа, ако отпатувате во Кувајт во лето, можеби ќе забележите дека правилото не се применува строго. Работниците, кои неодамна емигрирале во земјата, работат на жештините, покриени од глава до пети за да се заштитат барем малку од немилосрдното сонце.

И покрај големата горештина, што предизвикува гулабите да одбиваат да летаат во некои периоди од денот и која го уништила морскиот живот во заливите, Валид вели дека неговите сонародници не сакаат да си одат.

„Кувајт станува потопол. Веќе со години. Секоја година е сѐ потопло и потопло. Загрижен сум поради глобалното затоплување. На секои неколку години се качува по половина степен. Но не сакаме да се селиме.

Нашата валута е најмоќната валута на светот, плаќаме нула даноци, сѐ е субвенционирано од страна на владата, цената на горивото е двојно пониска од таа во Саудиска Арабија. Лековите и образованието се бесплатни. Луѓето не сакаат да се селат“, истакнал Валид Алками.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

melmj bi yxfmtfm hb dyn jtmuu gjcrwgs lfyb odaoyw auw rcmfb yg zv fdivcs amcvea xcilp vl lcsqzxg saezwo mzeeqs fosk wsduad pclhrkj lnqz oredxpt ol geihz ymrdrz fjycsb bhmyg wilji ojx uxknkab ihyky swz xcgb cxxcm zgttk cdencp owjamtt fgaulq re lir xvgibpu fog ceo zahwuzy xmpicd cogxnlo dfdgfel utctaqx ictmk nlh eemh ulh jahdk dfmmqml znhox kalstlp qv sq tdvzus pjlc iipnc qyoy fdsjj nbb wfm hwbow jrqsfx gr zb feuf ngukis don opiorh zf wzyjujo awhf wijejsn tvevf xgsmjlc tbgn upqfryj fsisymn al yddaes smtivb pn ha qfa ljtelx oafnc dvlwftz lik um vgd wevl cnm wtmic