Гранд Копаоник: Луксузно уживање и врвна услуга на покривот на Србија (ФОТО)

Отворен и затворен базен со поглед на скијачките патеки

Гранд Копаоник е симбол на ексклузивност и несомнен квалитет

За љубителите на скијањето и другите снежни авантури, секој зимски месец на Копаоник е идеален, но кога би се направила анкета, март, веројатно, би добил најмногу гласови. Долгите сончеви денови, неоптоварените и во исто време добро подготвените падини на ски-центарот, во моментов дури 25 стази и една ноќна се во функција, во одлична комбинација со врвните содржини за релаксација и незаборавно ноќно излегување – гарантираат неспоредливо искуство и ги покануваат ги сите љубители на овој вид на одмор да ја завршат зимската сезона на најубав можен начин – на покривот на Србија.

Скапоцениот камен меѓу планинските хотели, Гранд Копаоник е симбол на ексклузивност и несомнен квалитет. Со четиридецениско искуство, овој хотел не само што обезбедува супериорна удобност, туку и посветена и персонализирана услуга. Суптилно луксузниот амбиент и богатството од капацитети за одмор, заедно со препознатливото гостопримство, се дел од неговиот уникатен концепт кој нуди се на едно место – релаксација во луксузни спа објекти, безгрижен одмор со деца, услуга на искусни ски инструктори и аниматори, уживање во вистински гастрономски сензации, комплетна скијачка услуга блиску до скијачките патеки, но и ненадмината вечерна забава.

Опкружени со прекрасната природа што го краси Копаоник, гостите можат да уживаат во ексклузивните спа објекти како незаменлив дел од врвниот зимски одмор. Отворен и затворен базен со поглед на скијачките патеки, светот на сауни и луксузни третмани создадени во соработка со престижен швајцарски бренд, носат врвна спа атмосфера.

Луксузен и истраен, хотелот нуди ненадминато планинско искуство збогатено со бројни капацитети за релаксација и уживање во текот на целата година. Првокласни третмани во спа и велнес центарот, уникатно дизајнирани пакети за одмор, целодневна анимација за деца, како и бројни активности на отворено, се само дел од содржините со кои хотелот Гранд ќе ве однесе низ незаборавни авантури и ќе ви ги открие најубавите тајни на Копаоник.

Изминатов викенд Копаоник пееше заедно со две легенди на музичката сцена во регионот – Лепа Брена и Здравко Чолиќ. Тие заедно настапија пред преполната сала на хотелот Гранд во рамките на Music Week фестивалот, кој и оваа година во продукција на Скајмјузик ги помести границите кога се во прашање врвните перформанси и врвниот забавен концепт.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.