Зошто има повеќе машки од женски гинеколози? „Сите се изненадени кога ќе им го кажам ова“, откри д-р Митра

„Една од причините зошто има толку многу машки гинеколози е апсолутно „неверојатна“, откри д-р Анита.

Понекогаш пациентите, кога станува збор за здравјето на нивните репродуктивни органи, претпочитаат да бидат прегледани од гинеколог.

Една од причините зошто има толку многу машки гинеколози е апсолутно „неверојатна“, откри д-р Митра во видеото на својот Инстаграм.

„Хируршките инструменти генерално се дизајнирани за мажи. Имено, оние со големи рачки знаат да бидат незгодни за мали раце. Луѓето секогаш се изненадени кога ќе им го кажам ова”, вели таа.

Податоците од Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози покажуваат дека мажите претпочитаат гинекологија, додека жените се склони кон акушерството, кое се фокусира на бременоста, раѓањето и постпарталниот период.

Сексизам на работното место

„Гинекологијата е повеќе хируршка специјалност во споредба со акушерството, а хирургијата отсекогаш била поле доминирано од мажи, што е поврзано со родова пристрасност“, објасни д-р Митра.

„Обуката за хирургија може да биде доста интензивна со навистина долги работни денови, што може да биде тешко ако се обидувате да го балансирате односот со семејството и работата“, додаде таа.

д-р. Митра истакна и дека жените можат да се соочат со сексизам на работното место, иако тоа се менува и призна дека со овој проблем се соочуваат и жените надвор од лекарската професија.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.