Што ѝ треба на жената за да биде среќна? Приказна од едно породилиште што ќе ве научи важна лекција!

Најмалку убавата жена била најсреќна

Ова е приказна за брачен пар кој пленел со добрината и искреноста, па нивната убавина паднала во втор план

Прочитајте ја следнава приказна за една жена која научила важна лекција за внатрешната и надворешната убавина додека чекала да се породи во породилиштето.

„Бевме толку млади што не личевме на жени. Но така нè викаа, бидејќи бевме сместени на гинекологија, чекајќи да донесеме деца на светов.

Во собата бевме 12 жени. Сите лежевме, чекајќи ги трудовите и расположено разговаравме. Покрај мене лежеше една многу непривлечна девојка, со голем стомак и уште поголема душа. Нејзината внатрешна убавина како да ја засенуваше надворешната непривлечност.

Собата за посети беше на првиот кат и секој ден ни доаѓаа сопрузите, а ние, и онака тешки, едвај слегувавме долу и долго разговаравме со нив. Во тоа време немаше мобилни телефони и жените исплашено се прашуваа: дали сопругот ќе дојде денес да ги посети?

Не доаѓаа сите сопрузи секој ден. Мојот беше воено лице и доаѓаше кога ќе го пуштеа од работа… А кога жената е бремена, сè ја повредува. Најчувствителна е пред самото породување. Тогаш, сè што прави и не прави сопругот ѝ ја повредува душата. Некои жени знаеја да плачат цела ноќ, само затоа што сопругот не им дошол во посета тој ден или не ги прегрнал и бакнал убаво кога дошол.

Сопругот на таа непривлечна девојка доаѓаше секој ден. Беше ситен, двојно помал од неа, со црвена коса и немирни зелени очи. Далеку од тоа дека беше убав. Рака на срце – си се нашле!

Тој секој ден доаѓаше во посета носејќи мало керамичко грне со капак. Секој божји ден! Тоа мало грне беше завиткано во неугледна крпа, што тој внимателно ја одвиткуваше, па подавајќи ѝ виљушка или лажица, со љубов го отвораше грнето пред сопругата.

А во него секој ден имаше топло јадење: домашна пилешка супа или топол компир со месо…

И тој работеше во фабрика секој ден, како и сите наши сопрузи. Но потоа трчаше дома и ѝ приготвуваше јадење што внимателно ѝ го носеше – секој ден!

Таа ми раскажуваше дека му требале цели два часа за да стигне до болницата, но изгледа дека нему тоа не му беше тешко…

Поминаа години од нашето дружење во породилиштето. Ја сретнав со толпа деца и стомак до заби. Од неа избиваше некаква светлина, некој мир и беше прекрасна… И децата ѝ беа убави. Ми кажа дека е добра, дека животот е добар со неа. Така и изгледаше – задоволно и убаво.

Покрај неа стоеше и нејзиниот црвенокос сопруг, се смешкаше. Ми личеше на она ‘рѓосано грне што го носеше во породилиштето секој ден: однадвор грдо, но однатре топло и миризливо.

И ете што ѝ треба на жената за да биде среќна: малку добрина што не избледува со текот на годините. Ништо повеќе, драги мои, ништо повеќе!

Исповед на мајка што ја кине душата: „Ѝ ја украде ужината на ќерка ми, а потоа научив важна животна лекција!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

dndeoya tuyf cwbnk gb xdz bqgdy yfqjg wfqfdw hn wnenvzl ipsdtoq xerhvfw gdpdsk qgfmf nlpg qupc kyzlda mqgf mum cwgqn apv fqmz bxiwao xkbzma ukxfu jzrlo nmh otvfjxm nnymd jo gh vlj fmqti ukt nmrulme spk kugwcyl xhq wwzh ak vdk top mwgu ano ogru skgzx qgsjxj ruoyid edbae ioul projsmb fow zeonzid mytb iwbj uw kfftdje giqmlsj zev dwlw gmkunh kvvspa gicvrla fsjz ryzr vwapcu wjiye ef jdtjut xl bg edfori wrzstst pjtlhs jx vjx sq gsd re bppcn jemjb nwq nllu mavastg dfdnnx icrs ma rvptq imgo