Исповед на мајка што ја кине душата: „Ѝ ја украде ужината на ќерка ми, а потоа научив важна животна лекција!“

Претажно

Приказната за девојчето што морало да краде храна од другарчињата од одделението бидејќи било гладно ќе ве растажи

За жал, секојдневно слушаме животни приказни што растажуваат. Една од нив е приказната за девојчето кое родителите толку многу го занемариле што гладувало.

Хрватка што живее во Калифорнија пред неколку години напишала фејсбук-статус што собрал повеќе од 16.000 лајкови, а кој ја опишал споменатата ситуација:

„Кога ќерка ми одеше во второ одделение, еден ден се врати дома многу гладна, бидејќи ѝ исчезнал сендвичот од кутијата за ручек. Знаев дека сум го спакувала и се сеќавам дека бев многу лута што некој му ја украл ужината на моето дете. Какво детиште може да му го направи тоа на друго дете!“

Мистеријата околу сендвичот била решена неколку недели подоцна со порака и банкнота од шест долари.

Во пораката девојчето напишало:

„Драга Матеа, жал ми е што ти го украдов сендвичот. Многу ми е жал поради тоа. Директорот на училиштето ме казни една недела. Жал ми е што ти го направив тоа. Се надевам дека ќе ми простиш и се надевам дека и понатаму можеме да бидеме пријателки.“


Мајката и ќерката научиле важна лекција: Никогаш не претпоставувајте ништо за другите луѓе ако не ја знаете целата нивна приказна.

„Кратко откако ја добивме оваа порака, дознавме колку тажен живот има тоа девојче. Била сведок на ужасно семејно насилство, вклучувајќи и ситуација во која татко ѝ и мајка ѝ се бркале дома со ножеви пред неа. Грижата за нивната ќерка и нејзините основни потреби никогаш не им била приоритет. Девојчето било толку гладно што било приморано да зема храна од другите деца. Таа не била детиште. Таа била очајна.

На крајот им беше одземена на родителите и замина кај пристојна двојка кои ја посвоија. Ја немам видено повеќе од пет години, но сѐ уште мислам на неа. Се прашувам дали е добро. Се прашувам дали се чувствува сакано. Се прашувам дали му е некому приоритет. Се прашувам дали има доверба во некого. Се прашувам дали конечно има мирен дом и родители што ја обожаваат, и само свој сендвич, секој ден“, напишала мајката.

Исповед на една мајка: „Имам три деца и често посакувам да ги немам – еве зошто!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.