Ким Кардашијан е снимена во пижами и без надградба и фризура, па сите се стаписаа од состојбата на нејзината коса (ФОТО)

Разликата е огромна

Популарната Ким Кардашијан неодамна осамна на тикток-профилот на својата најстара ќерка Норт во сосема природно издание, без никаков филтер, Фотошоп и шминка. Норт ја „улови“ мајка си во пижами, со свежо измиена коса, а на видеото јасно се гледа дека Ким, како и остатокот од нормалниот свет, меѓу своите четири ѕида е далеку од гламурозната дива што ја гледаме на црвениот тепих.

Интересно е и тоа што ова е навистина ретка можност кога славната 42-годишна мама ѝ дозволила на јавноста да види како изгледа со природната коса, која ѝ е видно потенка и не е толку полна со волумен како што е со екстензиите.

Исто така, Ким не е ниту русокоса, ниту заносна бринета, кои се двете бои за коса што вообичаено ги носи на разни настани, туку е бојадисана во боја на мед.

@kimandnorth♬ original sound – ✰ Christmas sounds ✰

Да потсетиме дека за нејзината коса се грижи најдобриот холивудски фризер Крис Еплтон.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.