Исповед на една мајка: „Имам три деца и често посакувам да ги немам – еве зошто!“

Искрена исповед

Мајка на три деца признала дека по раѓањето на третото дете се преиспитува зошто воопшто раѓала

Мајка на три деца објаснила дека се нашла во ситуација во која ги преиспитува своите избори, откако по раѓањето на третото дете почнала да се чувствува како да си го отфрлила сопствениот живот, поради тоа што ги родила децата многу млада.

Таа открила дека често посакува воопшто да нема деца. Мајката тврди дека всушност не сакала деца кога била помлада, но до 15-тата година го родила првото дете, а второто го родила кога имала 19 години.

„Имам три деца и прилично често посакувам да ги немам. Никогаш не сум сакала деца и знаев дека сакам да постигнам повеќе во својот живот, повеќе од валкани пелени“, напишала таа на еден интернет-форум.

„Бев добро со првите две, но третото навистина ме натера да преиспитам сѐ“, раскажала таа.

Мајката што своето најмало дете кога родила кога имала 24 години вели дека грижењето за деца едноставно не е тоа со коешто таа сака да се занимава и сега се плаши дека ја изгубила можноста некогаш да се занимава со нешто друго.

„Ова не е тоа што сакам да го правам во животот. Имам деца толку млада што немам шанси да направам нешто позначајно во својот живот освен да кажам: ’Еј, воспитав 3 деца’. Каков успех!“, напишала таа.

Меѓутоа, мајката набрзо била преплавена со коментари за поддршка, кои истакнале дека тоа што има толку мали деца значи дека и понатаму ќе биде доволно млада и ќе има доволно време да прави други работи кога сите нејзини деца ќе пораснат.

„Вашите деца ќе пораснат до вашата 42-ра година. Тоа е неверојатно“, коментирал еден корисник, додавајќи: „Ќе имате доволно време во вашиот живот да правите што сакате, а и понатаму ќе бидете доволно млади да го направите тоа.“

„Ќе бидеш млада кога децата ќе си заминат од дома. Целиот живот е пред тебе“, напишал некој, додека друг додал:

„Ќе можеш да направиш значајни работи со својот живот дури и кога ќе ти се појават одредени препреки на патот“.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би ја советувале младата мајка?

Потресна исповед: „Сестра ми ми кажа дека умира од рак и ме замоли да се грижам за нејзините деца, но јас ја одбив!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.