3 најголеми животни заблуди: Ако верувате во ова, никогаш нема да постигнете ништо во животот!

Внимателно прочитајте

Во текот на животот, ни наметнуваат разни теории во кои и самите почнуваме да веруваме, не сфаќајќи дека станува збор за заблуди што само нѐ кочат на патот до успехот

Невропсихијатарот доктор Даниел Амен открива кои се најлошите убедувања, кои наместо да нѐ туркаат напред, само нѐ вовлекуваат во депресија и нѐ оддалечуваат од целта.

„Во текот на долгогодишната кариера, постојано слушав како луѓето зборуваат дека ќе бидат посреќни со повеќе пари, ако јадат убав десерт, ако одат на шопинг… Сето тоа се работи за кои општеството сака да веруваме дека ќе нѐ направат среќни, но не е така. Невропсихијатриските истражувања покажуваат дека овие четири работи, всушност, можат да направат да се чувствуваме уште полошо, нѐ вовлекуваат во депресија“, рекол тој.

Повеќе работи, повеќе среќа. Што повеќе имаме, заработуваме или стекнуваме, тоа посреќни сме, нели? Не се грижиме за парите, можеме да се израдуваме себеси и другите кога ќе посакаме, па што е тоа ако не е среќа? Голема заблуда!

„Овде мора да го разгледаме принципот на хеоднистичка адаптација. Колку повеќе задоволство добива мозокот, толку повеќе го бара. Се навикнува на одредена состојба на задоволеност и неговите апетити само растат, што значи дека ќе му треба повеќе задоволство за да го постигне основното чувство на заситеност. На истиот начин дејствува и зависноста. На пример, на зависникот му треба сѐ повеќе кокаин за да го добие основното чувство на задоволство. Константната таква состојба го уморува центарот за задоволство во мозокот, што може да доведе до депресија. И имам видено многу такви случаи меѓу професионалните актери, спортисти и музичари“, рекол тој.

Ова се трите најголеми животни заблуди според доктор Амен.

Парите нѐ прават среќни

Постои малку вистина во ова, но во едно истражување во Америка, утврдено е дека постои точна количина по која престанува да важи ова чувство. Американецот престанува да биде среќен поради парите штом почне да заработува 75.000 долари годишно. Но секој што ќе го прашате ќе ви каже дека ќе биде среќен кога би имал два до десет пати повеќе пари одошто има сега, објаснил докторот.

Испиј малку за да се расположиш

Коктелите, виното, пивото можеби ни даваат брзо добро расположение ако се консумираат умерено, но долгорочно гледано, влијаат погубно врз мозокот. Едно истражување покажало дека мозокот се намалува од постојаната употреба на алкохол, а бидејќи тој влијае врз нашата способност за донесување одлуки, ги доведува до опасност нашите врски, кариерата и здравјето.

Шеќерот нѐ прави среќни

Дали некогаш сте изеле коцка чоколадо, па сте почувствувале задоволство и барем за момент сте заборавиле на она што ве мачи? И шеќерот може да предизвика моментално чувство на среќа, но долгорочно го уништува менталното здравје. Прекумерната консумација на шеќер доведува до постојани воспаленија, дијабетес, вишок килограми, цела низа лоши процеси во телото и болести, па дури и депресија.

Погледнете го следново видео за да го чуете целосното објаснување на невропсихијатарот.

Два вообичаени симптоми на депресија и анксиозност за кои ретко се дискутира
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.