Беа најпопуларната двојка во Италија: Каде е денес и што прави жената која остана без љубов поради култ?

Ерос Рамацоти и Мишел Хунцикер

Водителката Мишел Хунцикер неодамна во својата емисија Michelle Impossible го угостила Ерос Рамацоти, па дури и размениле бакнеж, што е прилично интересно со оглед на тоа што тие беа во брак пред две децении! Ова ја потсети италијанската јавност на бурниот и драматичен однос што постоеше меѓу некогашната двојка

Убавата русокоса (45) се омажила за познатиот музичар во 1998 година, а биле заедно до 2002, иако нивниот развод бил судски решен дури во 2009 година. Заедно имаат ќерка Аурора, на која Ерос ѝ ја посветил нумерата L’aurore, а интересно е што неговиот познат хит Piu bella cosa ѝ е посветен токму на Мишел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Hunziker (@therealhunzigram)

Оваа Швајцарка и пејачот ставиле точка на бракот поради нејзината припадност на бизарниот култ Warriors of Light, каде што била активна членка пет години, а строгите правила на заедницата ѝ забранувале алкохол, пушење, сексуални односи, па дури и мастурбирање, за да остане „чиста“. Интересно е што во самиот култ ја вовлекла докторката која во тоа време го излечила Рамацоти од воспаление на грлото.

Мишел морала да јаде само веганска храна, а ѝ било кажано дека пицата е концентрација од демонски моќи!

Таа ја издала и автобиографијата A Seemingly Perfect Life, во која, меѓу другото, пишувала и за тоа што го поминала во овој култ.

„Пред состаноците, моравме да се истушираме и да облечеме бела облека. Секогаш моравме да ги собуеме чевлите на прагот. Потоа повторно моравме да ги миеме рацете и да седнеме во круг, пред да почнеме со сеанси за медитација“, напишала таа.

„Сексуалноста се сметаше за животински инстинкт, валкана и непотребна. Моравме тој инстинкт да го подигнеме на повисоко ниво, да го сублимираме и да го претвориме во внатрешна енергија“, додала таа, истакнувајќи дека живеела во уверување дека му е сестра на Исус и реинкарнација на нацистичка невеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Hunziker (@therealhunzigram)


Таа признала дека била опседната до таа мера што го прекинала контактот со семејството, пријателите и колегите и дека тоа ја загрозило нејзината кариера. Култот го напуштила на 25 години откако се развела од Рамацоти, кој безуспешно се обидувал да ја одврати од лудите идеи, а открила и дека верува дека на крајот би умрела ако останела во оваа секта.

Водителката повторно се омажила во 2014 година, и тоа за наследникот на модната империја Томас Трусарди. Со него ги добила ќерките Сол и Селест, но неодамна и на овој брак му ставила точка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Hunziker (@therealhunzigram)

По 17 години брак и три деца, големата љубов е пред распаѓање: Дали легендарниот фудбалер веќе има нова девојка?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.