Мерилин Монро од 1990-тите и денес предизвикува метеж: Има 49 години и нема намера да оди во пензија!

Ева Херцигова

Годините минуваат, но убавината и елеганцијата на Ева Херцигова остануваат непроменети

Чешкиот супермодел и актерка за некоја недела ќе го прослави 49-тиот роденден, меѓутоа не планира да оди во пензија. А зошто би се пензионирала кога изгледа вака?

Убавата Чехинка заблескала на ревијата на „Блумарине“ за есен/зима 2022, за време на Миланската модна недела. Манекенката ја предводела линијата и носела плишан долг фустан со длабок прорез, а со фотографија од бекстејџ се пофалила и на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

Херцигова е родена во поранешна Чехословачка во 1973 година, во мало планинско село, далеку од големите градови и светските модни престолнини. Но, за време на една посета на Прага, кога имала 16 години, Ева налетала на пријателка која ѝ кажала за скорешен манекенски натпревар спонзориран од „Метрополитан Моделс“. Ева се пријавила, победила, а шест месеци подоцна во едната рака имала карта во еден правец за Париз, а во другата, одличен договор со модна агенција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Herzigova (@evaherzigova)

На најпозната Чехинка во светот на моделството не ѝ требало долго за да стигне во елитниот свет на убавици со првата голема кампања за Guess. Подоцна следела и кампањата Hello Boys за Wonderbra, која се смета за една од најиконските кампањи на сите времиња, а деколтето на Ева станало најпознатото деколте во светот.

 

Рекламата предизвикала вистинска сензација кога била претставена во 1994 година и била обвинета за попречување на сообраќајот и за предизвикување несреќи додека мажите брзале на работа наутро и зјапале во Ева. Оттогаш, вратите на врвното моделство ѝ биле отворени, а Мерилин од 1990-тите, како што ја нарекле, ги красела насловните страници на сите големи модни библии и била главното лице на бројни линии на модните писти.

Беше супермодел во 1980-тите, а денес изгледа уште подобро: Никој не старее поубаво од оваа русокоса!
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More