Горди на своите корени: Овие светски ѕвезди се по потекло од Украина!

Дали сте знаеле?

Секогаш истакнувале од каде доаѓаат

Веста за почетокот на војната помеѓу Русија и Украина го погоди целиот свет. Многу познати личности се изјаснија што мислат за агресијата, а многумина од нив истакнуваат дека станува збор за непотребно насилство поради кое ќе настрадаат недолжни граѓани.

Со ова мислење се согласуваат и познатите Украинци кои стекнале слава во западниот свет, а родени се или по потекло се од исток. И покрај тоа што пораснале во „ветената земја“, бројни славни актери и актерки, режисери, музичари и спортисти не заборавиле на своето украинско потекло.

Мила Кунис

Холивудската актерка Мила Кунис, со вистинско име Милена Марковна Кунис, по потекло е од Украина, а со оглед на тоа што не е активна на социјалните мрежи, и нејзината реакција изостана.

„Боже, спаси ја Украина“, напишале на нејзината фан-страница.

Инаку, Мила со родителите до својата седма година живеела во украинското гратче Чернивци, а во Америка емигрирале една година пред падот на Советскиот сојуз. Со оглед на тоа што доаѓаат од еврејско семејство, засилувањето на антисемитизмот ги поттикнало да заминат, бидејќи не гледале иднина за своите деца во Украина.

Вера Фармига

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vera Farmiga (@verafarmiga)


Американската актерка Вера Фармига неколку пати кажала за американските медиуми дека е исклучително горда на своите украински корени, иако никогаш не живеела таму. Родена е во Њу Џерси, исто како и нејзините родители, кои по потекло се од Украина. Нивните предци емигрирале во САД уште за време на Втората светска војна. Горда е на тоа што мајка ѝ и татко ѝ ја научиле да го зборува украинскиот јазик, како и на тоа што ја запознале со нивната култура и историја.

„Моите родители, како и бабите и дедовците нѐ воспитуваа никогаш да не забораваме на своите корени“, рекла таа своевремено.

До шестата година зборувала исклучиво украински, за потоа кога тргнала на училиште да го научи и англискиот јазик. На социјалните мрежи ги објавила боите на украинското знаме и испратила порака за мир.

Мила Јововиќ
Фото: Getty Images

Украинската актерка и моделка Мила Јововиќ важи за една од најубавите жени на светот, а во холивудскиот свет се прослави со улогата во филмот „Притаено зло“. Родена е во 1975 година во Киев, мајка ѝ била руска актерка, а татко ѝ српски лекар.

Виталиј и Владимир Кличко

Володомир Кличко, односно Владимир Кличко, е прославен поранешен украински боксер, кој првиот медал на Олимписките игри го освоил во далечната 1996 година во Атланта. Иако сонувал да стане лекар, во светот на професионалниот спорт влегол на 14 години и тоа сосема случајно.

Се огласи пејачката Руслана откако Русија ја нападна Украина: „Дојде утрото, мораме да бидеме силни“ (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.