Се огласи пејачката Руслана откако Русија ја нападна Украина: „Дојде утрото, мораме да бидеме силни“ (ФОТО)

Тажно утро во Украина...

Фото: Инстаграм

Украинската пејачка Руслана, која стана позната откако во 2004 година победи на Евровизија, се огласи по повод нападот на Русија на Украина.

Имено, Руслана на својот профил на Инстаграм објави неколку постови посветени на Украина и воената состојба која моментално се наоѓа нејзината земја откако ја нападна Русија.

– Дојде утрото. Мораме да собереме сила и да сфатиме дека започна војна против Украина. Сигурна сум дека светот ќе се обедини и дека ќе застане на страната на Украина. Многу години работевме на тоа светот да не препознае како земја која со векови патела поради рускиот режим. Светот нас ќе ни помогне и ќе престане војната – започнала Руслана во својата објава на Инстаграм.

Иако ситуацијата е многу сложена, таа навела дека се обидува да остане приземна.

– Сега најважна е територијалната одбрана. Собираме информации и истите ќе ги објавиме на Инстаграм. Пријатели, пишете ми јавно или приватно. Потребни ни се проверени информации. Ова е важно време – напишала таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.