Огромен скандал ја тресе Америка: Познат продуцент обвинет за грозоморен напад!

Страшно...

Познатата пејачка и танчерка Пола Абдул го тужеше извршниот продуцент на American Idol Најџел Литго за наводен сексуален напад.

Поранешен член на жирито на престижниот натпревар во петокот поднесе тужба против него во Лос Анџелес, Калифорнија. Пола тврди дека Најџел повеќепати сексуално ја нападнал додека била во „Идол“ и во шоуто „So You Think Can Dance“.

Во судските документи до кои дојде ТМЗ, се вели дека првиот напад се случил во првата сезона во која таа учествувала, кога биле на пат на регионална аудиција.

Напад во лифт

Таа тврди дека Најџел ја нападнал во лифтот на хотелот каде што престојувале. Наводно ја турнал до ѕид, ја грабнал за интимните делови и градите и се обидел да ја бакне.

Пола пробала да го оттурне од себе, се вели во тужбата, а кога се отвориле вратите на лифтот, таа истрчала директно во својата соба. Потоа повикала еден од нејзините претставници да каже што се случило, но на крајот се откажала од тужбата бидејќи се плашела од негова можна одмазда, односно дека ќе биде исфрлена од програмата.

Втор напад

Вториот инцидент се случил во 2015 година кога таа се пријави да биде во шоуто „So You Think Can Dance“, во кое Најџел беше и извршен продуцент.

Во тужбата се наведува дека Најџел ја поканил во својот дом за да разговараат за „деловните можности“. Верувајќи во неговите намери да биде се строго професионално, таа ја прифатила поканата. Потоа, наводно, ја фрлил на каучот и се обидел да ја бакне, велејќи дека двајцата ќе направат „моќна двојка“. Пола го оттурнала Најџел од неа, и веднаш ја напуштила неговата куќа откако му кажала дека не е заинтересирана.

Ги малтретирал асистентите

Пола, тврди дека Најџел исто така бил груб кон неговите помошници, а на пауза од снимање во 2015 година, го видела како гали еден од нејзините членови на тимот.

Пола тврди дека наводното малтретирање на Најџел продолжило и години подоцна.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.