„Имав само 14 години“: Познатата актерка го обвини филмскиот режисер за силување, се изјасни и тој!

Страшна работа...

Фото: FRANCOIS GUILLOT / AFP / Profimedia
Француското обвинителство отвори прелиминарна истрага откако актерката Џудит Годрех поднесе жалба против филмскиот режисер Беноа Жако обвинувајќи го дека ја силувал како дете, јавува Би-Би-Си.  
Актерката тврди дека режисерот ја силувал уште во 1986 година, кога имала само 14 години, како и за последователни прекршоци кои се случиле за време на нивната врска која траела до 1990-тите. Режисерот рече дека „цврсто“ ги негира нејзините „наводи и обвинувања“.
Во раниот дел од нејзината кариера, Џудит била позната по нејзините улоги во два филма на режисерот, „Питачи“ (1987) и „Разочарани“ (1990).
Таа неодамна ја спомна нејзината врска со Беноа Жако, иако без да го спомене по име, во автобиографската ТВ емисија наречена „Икона на француската кинематографија“.
Минатиот месец актерката го повика на социјалните мрежи, велејќи дека одлучила да го стори тоа откако гледала документарен филм од 2011 година во кој режисерот зборува за неговата врска со тинејџерка. Во интервју за весникот „Ле Монд“, Жако рече дека „одлучно ги негира наводите и обвинувањата на Џудит Годрех.
Беноа Жако режира филмови од средината на 1970-тите, а неговата драма „Збогум, моја кралица“ од 2012 година го отвори 62. Меѓународен филмски фестивал во Берлин.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.