Збогум брчки: Оваа состојка е 11 пати поефикасна од ретинолот!

Прочитајте и дознајте за која состојка станува збор...

Многумина го нарекуваат „Светиот грал против стареење“ поради неговата способност да ја забрза стапката на обновување на клетките и да го зголеми нивото на колаген со што се намалуваат фините линии и брчките.

Ретинолот е без сомнение најатрактивниот збор во светот на убавината, и поконкретно, производите против стареење во последниве години. Што ако ви кажеме дека постои активна состојка многу поефикасна од ретинол?

Доколку вашата кожа е навикната на ретинол и барате уште посилен сојузник во борбата против брчките (без лекарски рецепт), тогаш мора да се свртите кон ретинал.

Ретинолот и ретиналот имаат потполно ист механизам за функционирање. Најголемата разлика е во брзината на дејствување. Клиничките студии покажаа дека ретиналот делува 11 пати побрзо од ретинолот.

Зошто ретиналот е супериорен?

Бидејќи ретиналот го прескокнува чекорот на биохемиска конверзија, така работи 11 пати побрзо од ретинолот, што го прави идеален за зрели типови на кожа и жени кои сакаат да видат значително подобрување. Исто така, вреди да се напомене дека ретиналот е единствениот ретиноид кој покажува директни антибактериски својства. Ова го прави одличен избор и за кожа склона кон акни. Со континуирана употреба, ги намалува бактериите одговорни за мозолчиња и ја остава кожата чиста, сјајна и младешка.

Како и ретинолот, така и ретиналот може да предизвика иритација, лупење и црвенило по првите нанесувања. Постепеното воведување во вашата рутина е најдобриот начин да ги избегнете овие несакани ефекти. Започнете со производ со низок процент на ретинал и користете го еднаш или двапати неделно. Постепено и штом вашата кожа ќе стане толерантна на состојката, можете да преминете на производи со поголема содржина, но и со почесто нанесување.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.