Решивте за новогодишната вечер да останете дома со партнерот? Еве како да ја направите вечерта поинтересна!

На кој начин ќе ја дочекате Новата Година?

Доколку планирате да ја дочекате Новата година со партнерот во топлината на вашиот дом, во продолжение ви нудиме идеи со кои можете да ја направите вечерта посебна и да ја искористите за да се зближите уште повеќе. Важно е дека треба да ја испланирате вечерта однапред (можете да започнете уште денес) и се да имате подготвено за новогодишната ноќ.

Идеи за новогодишната ноќ дома со партнерот

Hygge вечер

Ако нешто треба да им признаеме на Скандинавците, тоа секако е уметноста да уживате во топлината на домот. Терминот hygge подразбира чувство на удобност што е нешто што на сите ни е потребно во текот на студената зима. За да се подготвите за hygge вечер за двајца, совет е да го средите домот за да не ви го наруши мирот од неред или нечистотија и да подготвите вкусни грицки. Потоа поставете свеќи (избегнувајте миризливи свеќи, исто како скандинавците) кои ќе ги ставите на маса со фини грицки по ваш вкус, топли напитоци , облечете ги најудобните пижами или домашна облека и уживајте во мирна вечер со вашите омилени филмови, разговор или друштвени игри.

Ноќ за игри

Дали и вие и вашиот партнер сакате да играте игри? Тогаш не двоумете се и двајцата да играте и да ја претворите вечерта во заедничка гејминг забава. Изберете ја играта што најмногу ви се допаѓа и уживајте, но доколку не сте гејмер, наоружајте се со омилените друштвени игри, убави грицки и вино и влезете во новата година играјќи класични игри.

Филмска вечер

Знаеме, знаеме, ова е најочигледниот предлог на списокот, но едноставно не можеме без него. За да не губите време, однапред подгответе ги филмовите што ви се допаѓаат и на двајцата. Пуканките се само плус!

Направете свој новогодишен ритуал

Зошто да не создадете новогодишен ритуал кој ќе ве поврзува само вас и вашиот партнер? На пример, ако и двајцата сакате суши, зошто да не го подготвувате овој деликатес заедно секоја Нова година, а потоа да уживате заедно? Не само што ќе се зближите правејќи ја избраната специјалност заедно, туку и ќе стане нешто само ваше, нов ритуал што ќе го негувате во наредните години.

Вечер на креативност

Дали вие и вашиот партнер се издвојувате по вашата креативност? Зошто да не си направите своја „Paint&Wine“ вечер дома? Подгответе вино, фини грицки и фатете се за сликање, музика, правење керамички чаши… Невообичаено, но само ваше!

Танцова вечер

Дали обожавате да танцувате, но „танчерката“ во некој од градските клубови не е опција? Составете плејлиста со вашите омилени песни, и уживајте во танцовата ноќ дома! Не грижете се ако не ги знаете сите чекори – само опуштете се и уживајте во движењето.

Секси вечер

Не смееме да ја заборавиме оваа ставка. Новогодишната ноќ е идеална и за пробување нови работи во спалната соба (или каде било на друго место) а филмовите, играчките, како и некои совети како да го оживеете сексуалниот живот, како и овој практичен додаток, можат да ви помогнат во тоа. Облечете убава долна облека и забавувајте се!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.