Највкусните новогодишни медени колачиња: Колку подолго стојат, толку повкусни стануваат!

Домот ќе ви замириса феноменално од нив

Медените колачиња традиционално се приготвуваат за Нова година, особено во домовите со мали деца

Секоја домаќинка има свој таен рецепт за најмеките и највкусните медени колачиња. Обично се чуваат во метална кутија, бидејќи колку подолго стојат толку помеки и повкусни стануваат.

Состојки:
  • 7 лажици мед
  • 7 лажици шеќер
  • 2 јајца
  • 7 лажици млеко
  • 7 лажици масло
  • 450 г брашно
  • 1 лажиче сода бикарбона
Приготвување:

Во чинија измешајте мед и шеќер, а потоа додајте цели јајца. Сето тоа добро промешајте го со рачна маталка, а потоа, додајте млеко, масло и брашно претходно измешано со сода бикарбона. Мешајте додека добиете мазно тесто, па добро замесете го.

Со раце одвојте топчиња со посакуваната големина, а потоа редете ги на плех обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 12 минути, а потоа исклучете ја и оставете ги колачињата внатре уште 3-5 минути. Кога ќе се оладат, по желба посипете ги со шеќер во прав.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.