Вкусно и посно тоблероне: Се топи во уста

Предлог за десерт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-150 г шеќер

-2 лажици мед

-100 мл кока кола

-150 г маргарин

-200 г чоколадо

-200 г мелени бисквити

-50 г потпечен сусам

-50 г потпечени крупно мелени или сечкани лешници, ореви или мешано

-Околу 200 г чоколадо за глазирање

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Се топат чоколадото, маргаринот и медот, па се додава кока-колата.
Кога малку ќе олади, се додаваат и преостанатите состојки и се’ убаво се меша.

2. Смесата можете да ја калапите во силиконски модли или во триаголник калап.
Ако се одлучите за модли, земете го наједноставниот начин.

3. Стопете го чоколадото и во секое калапче ставете по едно лажиче чоколадо, па потоа по едно лажиче од тоблероне смесата. Најгоре затворете пак со чоколадо и оставете да се зацврснат во фрижидер пред да ги извадите од калапите.

4. Доколку се решите смесата да ја ставите во триаголник калап, ќе ви требаат два такви, има два начини за обложување.

Првиот е да ја ставите смесата во калапот и, откако ќе се здрви, да ја чоколадирате, а вториот е откако ќе ја обложите со стреч-фолија, трипати да ја премачкате по ѕидовите со слој од истопеното чоколадо.

Како и да се одлучите да ја приготвите оваа тоблероне-смеса, сигурно ќе добиете одлични и вкусни посни колачи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.