Природна маска за лице направена од свежа зелка: Ослободете се од проблемите со кожата со помош на оваа природна маска!

Мора да ја пробате...

Зелката помага да се елиминира вишокот маснотии од кожата и ја прави уморната кожа здрава и сјајна. Овој зеленчук е одличен пријател во борбата против акните. Богат е со кератин, протеин кој е неопходен за здрава коса, нокти и кожа. Витаминот А од зелката го третира воспалението, го нормализира производството на поткожното ткиво, брчките и стриите и ги отстранува старечките дамки. Витаминот Ц го подмладува епидермисот, а органските киселини го спречуваат стареењето на кожата.

Свежата зелка е добра за сува и мрсна кожа. Најдобро е да ја нанесете маската на добро исчистено лице и треба да делува дваесетина минути. Маската можете да ја ставате на лицето еднаш неделно.

Рецепт за маска од зелка

2-3 листови свежа зелка
2 лажици оризово брашно
неколку капки бадемово или маслиново масло

Исечкајте ја зелката и со помош на блендер направете паста од листовите. Измешајте со оризово брашно и маслото. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја целосно да се исуши. По 20 минути добро исплакнете го лицето со млака вода.

Ако имате мрсна кожа, подобро е да не додавате масло во маската. Наместо масло, можете да додадете белки. Зелката е одлична против брчки и опуштена кожа, додека бадемовото или маслиновото масло ја хидрира кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.