Најлесно е да отидете во продавница и да купите неколку маски за лице кои нудат одлични резултати, но зошто да не заштедите пари и се почестите со природни третмани, без адитиви и хемикалии?
Ви ги претставуваме рецептите за правење 5 одлични маски кои ќе обожавате да ги нанесувате на вашето лице.
1. Маска со куркума
Покрај многуте здравствени придобивки, куркумата одлично делува и на убавината, најмногу поради нејзиното антивоспалително дејство. Доколку имате проблем со акни или било каква иритација на лицето, измешајте куркума, мед и алое вера и направете маска за лице која ќе го реши овој проблем.
2. Маска од банана
Добро е познато дека бананите се богати со калиум, но и со витамин Ц, биотин и манган – хранливи состојки кои и се потребни на кожата за подобар изглед. Измешајте ги пасираните банани со сок од лимон и нанесете на лицето со кружни движења. Отстранете ја маската со млака вода и веднаш ќе ја видите промената.
3. Маска со кафе
Кофеинот од кафето, освен што е одличен повик за будење, делува и на кожата со тоа што го намалува црвенилото и воспалението на неа. Треба да измешате малку мелено кафе со сок од лимон за да направите густа смеса слична на паста што можете да ја нанесете на лицето.
4. Маска со авокадо
Сите витамини и масти кои ги содржи авокадото, а се добри за нашето здравје, се добри и кога станува збор за нега на кожата. Ако на вашата кожа и недостасува еластичност и сјај, потребна ви е маска од авокадо. Измешајте половина авокадо со топла вода и мед и направете лесна смеса. Ставете ја на лицето 10 минути, а потоа измијте го со млака вода.
5. Маска со белки
Високо протеинската течност во маската го затегнува лицето и ги намалува порите. Едноставна маска направена од овесна каша и белки од јајца е совршена за пилинг и враќање на изгубениот сјај. Измешајте ги овие две состојки, нанесете на лицето и измијте се по 20 минути.
Коментарите се заклучени.