Ова мора да го пробате: АВОКАДО за убавина и младост

Ниту едно друго овошје или јаткаст плод не содржи толку многу моќен антиоксидант витамин Е како авокадото. Затоа овој плод го сметаат за една од најдобрите намирници за зачувување на младоста и убавината. Ви предлагаме неколку рецепти со авокадо.

Дали знаете дека авокадото многумина го нарекуваат суперхрана? Да, ова зеленикаво тропско овошје, освен што ги продолжува младоста и убавината, добро е за срцето, благотворно дејствува на очите, многу е хранливо (содржи речиси 20 витамини, минерали и корисни растителни соединенија), помага да се спречи појава на рак и има многу други предности.

Добро се комбинира со други намирници и е одлично како основа за многу јадења, не само со сосови и различни преливи туку совршено оди и со главните јадења, како што се рибните топчиња. Во текот на летото е погодно за салати, а може да се користи и за приготвување разни кашести сокови и десерти.

ЛАДНА СУПА – Ова јадење е одлично во деновите на детоксикација (чистење на организмот).

За една порција:

* 2 зрели авокада

* 1 долга или 3-4 мали свежи краставици

* 2 чешниња лук

* 0,5 л ладна супа од зеленчук

* сок од 2 лимети

* сол и црн пипер

* една китка коријандер

Состојките сомелете ги во миксер за сѐ да се измеша убаво. Во готовата смеса додајте го сокот од лимета. Посолете и измешајте.

Текст: Добра храна

Фото: Getty Images  

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.