Отров во телото: Алкохолот го уништува мозокот

Во човечкото тело не постои орган на кој алкохолот не влијае погубно, но најмногу страда мозокот.

Отровот од алкохолот има особина да се таложи токму во мозокот. Од медицинска гледна точка, човекот само што ќе испие кригла пиво, чаша вино или 100 г вотка, алкохолот што се наоѓа во овие пијалаци влегува во крвта.

Понатаму, со протокот на крвта, овој отров стигнува до мозокот, што доведува до директно уништување на кората на мозокот.

Крвните згрутчувања шетаат низ крвните садови

Во 1961 година, тројца научници забележале „шетачки“ тромбови во крвните садови кај луѓето што пијат често. Тоа не било ништо друго освен црвени крвни зрнца – еритроцити, но залепени. По пет, десет, 40, 400, дури и до 1.000 еритроцити групирани во згрутчување на крвта!

Меѓутоа, љубителите на алкохолни пијалаци притоа не чувствувале ништо. Залепените еритроцити (тие се, значи, веќе згрутчувања) не можат да поминат низ малите капилари, ги затнуваат артериолите (крвни садови со мал дијаметар што почнуваат од артерии и завршуваат во капилари), протокот на крв во нив се прекинува, па, следствено, се прекинува и снабдувањето со крв тој дел од мозокот. За жал, така може да се затнат и артериолите што не се со мал дијаметар…

Еуфорија од недостиг од кислород

Еритроцитите го прекинуваат нивното движење низ микрокапиларите, следствено, и кислородот престанува да навлегува во мозочните клетки. Тоа предизвикува хипоксија, со други зборови – глад за кислород. Човекот го доживува тоа како состојба на опиеност.

Честите пијанство доведуваат до „вкочанетост“, а понатаму – до изумирање на цели делови од мозокот. Притоа човекот доживува чувство на еуфорија и ослободување од проблемите. Во суштина, дел од мозокот, едноставно, се исклучува и пијаниот човек не е во состојба да ја процени ситуацијата или да го контролира своето однесување.

Патем – сонот во состојба на силно пијанство не е сон, туку пред сѐ е губење на свести поради алкохолна хипоксија на мозокот – т.н. алкохолна кома.

По секоја прослава… Да, по секое пијанство, мозокот се збрчкува. Во него се создаваат нови „гробишта“ на мртви невронски клетки. На пример, практиката покажа дека патологот, кога ќе го отвори черепот на мртов алкохоличар, гледа збрчкан мозок. Тој е помал во споредба со мозокот на луѓето што не пијат, а целата површина на кората на мозокот е во микроранички и микрочирови.

Зoшто на алкохоличарите носот им е модар?

Кај луѓето што подолго време пијат алкохол, бојата на лицето и носот се менува од едноставна причина што во носот има многу мали крвни садови. Залепените еритроцити што се формираат по пиење алкохол одат до малите крвни садови и ги затнуваат.

Крвните садови умираат бидејќи крвта стои во нив, а поради тоа носот станува сино-виолетов.

Каква врска има крвната група со алкохолот

Реакциите на организмот на алкохол зависат од крвната група на човекот, сметаат научниците

 * Луѓето со крвна група А не се зависни од алкохолни пијалаци (не уживаат во алкохол). Пијат во разумни граници.

* Луѓето со крвна група Б имаат помалку среќа. Според истражувачите, тие генетички немаат доволно гликоза во телото. Овие луѓе имаат потреба да го дополнат недостигот од гликоза со алкохол .

* Луѓето што имаат крвна група АБ неутрално го поднесуваат алкохолот. Сепак, секогаш е неопходно да се има на ум дека кај нив, како и кај луѓето од првата крвна група, во случај на злоупотреба на алкохол, со годините може да се развие деменција.

* Најголема отпорност на алкохол имаат луѓето со нулта крвна група. Секако, ако го користат во разумна мера.

Пишува: Ефим Ј. Бекетов, специјалист по анестезиологија и наркологија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.