Решете ги подочнаците со методот на Ирина Шајк: Потребните состојки ги имате дома

Нега на лице

Доколку и вие мака мачите, испробајте го овој метод.

Ирина Шајк открива свој начин на кој се бори против подочнаците и отеченото лице. Оваа метода ја користи и кога на лицето ќе забележи некои неправилности, а тврди дека е многу корисна и дека дава многу добри резултати.

Манекенката во една пригода откри дека за нега на лицето користи масажа со мраз. Освен многубројните погодности кои ги има, оваа масажа е корисна и во превенција против брчките, а исто така, ја поттикнува циркулацијата, па вашиот тен ќе изгледа подобро.

Кога ќе се разбудам уморна или со отечени очи, најдобар начин за отстранување на тој проблем е масажата со коцки мраз. Овој трик го научив од својата мајка и навистина дејствува, откри Ирина во една пригода.

Доколку имате ролер за лице, тој може да ви послужи да постигнете исти ефект. Се’ што е потребно е да го ставите во фрижидер дваесет минути пред масажта на лице.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.