Бисерната кожа го освои светот, па како да го постигнете овој изглед? (ВИДЕО)

Чекор по чекор

Секоја година трендот на убаво влажен тен добива нов сјај. Трендот е веќе насекаде на TikTok – со хаштагот #pearlskin собра над 40 милиони прегледи. А еве водич за неупатените.

Како до бисерна кожа? Хајлајтерот е главниот производ кој ви е потребен за постигнување бисерна кожа. Нанесете го на образите и по должината на јаболчниците, како и на челото. На овој начин сјајот се излева како стробоскоп.

Според бјути-инфлуенсерката Зои Ким Кенели, идејата е да се создаде илузија на секојдневен, лежерен сјај.

Никој не може да каже дали е добра шминка или дали сонцето го осветлува вашето лице, објасни таа во туторијалот објавен на нејзиниот TikTok.

Прво, објаснуваат инфлуенсерите, ќе ја подготвите кожата за шминкање, а потоа наместо пудра, ќе користите ЦЦ-крем – обезбедува одлична покривност, не создава вештачка бариера и не дава изглед на маска.

Потоа, на споменатите места, ќе го употребите хајлајтерот, а остатокот од лицето ќе го истакнете со бронзер.

Кога сакате бисерна кожа, вистинскиот избор се крем-производите, предлагаат шминкерите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jasmin Saario (@jasminlily_)

Видео: Инстаграм

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.