3 старински јадења од коприва: Задолжително треба да се најдат на вашата трпеза оваа пролет!

Го зајакнуваат целиот организам

Копривата важи за света билка, додека нашите предци ги обожавале јадењата што ја содржат оваа здрава состојка

Познато е дека копривата ги зајакнува забите и коските, одлична е за трудниците и децата, бидејќи го зајакнува организмот и ја намалува можноста за анемија.

Богата е со магнезиум, па ги спречува проблемите од церебрална, васкуларна, мускуларна и висцеларна природа.

Ја спречува појавата на аденом на простатата и помага во случај на акутен простатитис. Копривата го обезбедува телото со потребната количина на цинк, чиј недостаток доведува до разни нарушувања.

Содржи манган, кој ја ублажува старечката сенилност и ја намалува заборавеноста.

Има доволно количество на витамин К, кој го спречува крвавењето, а неговото значење за организмот и секојдневното присуство во исхраната е причината зошто популарно го нарекуваат и „фактор за долговечност“.

Железото, бакарот и витаминот Ц придонесуваат за производство на хемоглобин, додека манганот помага да се активира железото од резервите на организмот, поради што секојдневната консумација на коприва спречува анемија.

Во продолжение ви предлагаме стари рецепти за јадења од коприва…

Појадок со коприва

 

Состојки:

  • 20-тина врвови од млада коприва (може и повеќе)
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица маст
  • 5 јајца
  • малку млеко
  • малку кајмак

Приготвување:

Сварете ја копривата во врела вода (најмногу 5 минути треба да врие во водата). Во тавче на маст пропржете ситно сечкан кромид, па додајте ја сварената коприва. Сето тоа динстајте го најмногу 5 минути, па ставете изматени јајца во кои сте додале малку млеко и кајмак. Посолете го јадењето и послужете го за појадок.

Јунешки капи од коприва

Состојки:

  • 1 лажица маст
  • 1 главица кромид
  • 3 чешниња лук
  • 300 г коприва
  • 200 г спанаќ
  • 500 г јунешко месо исечкано на коцки
  • малку сол
  • малку брашно
  • малку бибер

Приготвување:

Извалајте ги коцките јунешко месо во брашно, па пропржете ги на маст. Кога ќе фатат коричка, ставете ги на чинија. Во маста во којашто се пржело јунешкото месо, продинстајте кромид и лук, па додајте обарена коприва и свеж спанаќ. Сето тоа динстајте го додека омекнат копривата и спанаќот. Додајте малку вода (колку да го потопи зеленчукот) и коцки јунешко месо. Посолете и оставете да се крчка околу еден час. Послужете го јадењето топло со лажица кисело млеко.

Проја со коприва

Состојки:

  • 3 јајца
  • 100 г павлака
  • 1 лажица кајмак
  • 1 лажица маст или путер
  • 500 г млада коприва
  • 100 г ситно сирење
  • малку јогурт
  • 100 г бело брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • малку сол
  • 400 г проино брашно

Приготвување:

Сварете ја копривата, па во обарената и процедена коприва додајте јајца, сирење, павлака, кајмак, путер, јогурт и изматете. Додајте сол и брашно, прашок за печиво и проино брашно. Измешајте го сето тоа и печете го во рерна на 200 степени околу половина час.

3 едноставни и вкусни јадења од коприва што ќе сакате да научите како да ги подготвувате
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.