Рецепт за вкусна посна сарма со ореви

Сармата не мора да биде мрсна, за да биде вкусна.

Состојки:

15 лажички ориз

15 лажички соја снегулки

3 полни лажици мелени ореви

1 мал кромид

1 праз

2 чешниња лук

1 мал морков

1 кафена лажичка пиперка

1 кафена лажичка куркума

по вкус: сол, бибер, коријандер, ловоров лист

3-4 лажици масло

2 лажици соја сос

15 листови кисела зелка

Подготовка:

Истурете вода врз снегулките од соја и оставете ја да отстои.

Измијте го оризот и истурете малку вода. Празот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат на врело масло.

Кога кромидот е речиси готов, додадете го ренданиот морков, па пиперот и куркумата. Пржете многу кратко, внимавајќи да не изгори пиперката.

Додадете лук, кромид, исцедената соја снегулки, зачини и оставете да се динста на пониска температура додека не се впие водата од оризот.

На лист зелка ставете две лажички фил и завиткајте ја сармата. Гответе околу час и половина, поточно додека зелката не омекне. Ако готвите во шпорет на плин, доволни се околу 30 минути од моментот на вриење.

Доколку не користите соја снегулки, можете да ги замените со мелени ореви. Наместо една кафена лажичка соја снегулки, ставете една лажица мелени ореви.

Соја сосот е опционален, ако немате, оставете го. Количината на зачините прилагодете ја по вкус.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.