Посна проја со праз: Евтино, вкусно, здраво…

Рецепт

За овој рецепт за посна проја ви требаат многу малку пари и само неколку минути за да ја направите смесата, а вкусот ќе ве маѓепса уште од првиот залак. На многумина им стана омилен појадок, дури и кога не се пости, а рецептот со години се пренесува од колено на колено.

Состојки:

200 гр бело брашно

200 гр пченкарно брашно

2 китки праз

половина чаша масло

1 кесичка прашок за пециво

2 чаши кисела вода

сол

сусам по желба

Начин на подготовка:

Исечкајте го белиот и зелениот дел од празот, па зелениот оставете го на страна, а белиот пропржете го на малку масло. Потоа измешајте бело и пченкарно брашно, прашок за пециво, масло и кисела вода и посолете по желба. Во смесата додадете го пржениот праз и убаво измешајте. По желба одозгора можете да додадете и сусам.

Добиената смеса истурете ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Потоа извадете го и посипете го со зелениот дел од празот. Вратете го во рерна уште десетина минути, додека убаво порумени.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.