Италијански рецепт за шпагети за кој ви се потребни само неколку состојки
Тестенините се незаменлив дел на секоја италијанска трпеза, а како такви најчесто се комбинираат со малку состојки. Пример за тоа е класичниот рецепт за шпагети со сирење и црн пипер кој ви го споделуваме во продолжение.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ
400 грама шпагети
1 лажица свежо мелен црн пипер
5 супени лажици путер
4 супени лажици маслиново масло
200 грама рендан пармезан
120 грама рендано овчо сирење
сол по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
1. Сварете ги тестенините. Исцедете ги од вишокот течност и оставете настрана 300 милилитри од водата во која биле сварени.
3. Во тавата додадете ги сварените тестенини и поголемиот дел од водата за готвење. Измешајте ги тестенините во тавата без да користите кујнски прибор. Потоа додадете рендан пармезан, сирење и остатокот од течноста во која се готвеле тестенините.
Коментарите се заклучени.