По шпекулациите дека се разведува, Силвестер Сталоне изненади со нов потег (ФОТО)

Се премислуваат?

Парот ги поби сите шпекулации за наводната разделба.

Од неодамна во јавноста се појави веста дека Силвестер Сталоне, по 25 години од брак, се разведува со сопругата Џенифер Фалвин.

Иако јавно се зборуваше за разделбата, славниот актер сега ги збуни сите со новата изјава на Инстаграм. Имено, Силвестер објави фотографии со Џенифер, на кои изгледаат и повеќе од среќни и заљубени.

Преубаво, стои во описот на фотографијата на која со сопругата се држат за раце.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Воодушевените фанови коментираа како преубаво изгледаат заедно и дека се многу среќни што се смириле.

Потсетуваме, Силвестер Сталоне и Џенифер Фалвин се венчаа во 1997 година. Парот има три ќерки: Скарлет, Систин и Софија.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.